Биљана Додева, една година е лекар-специјализант на скопската Клиника за психијатрија и е предводник на неформалната група специјализанти.
Иако е млада, таа е една од ретките која веднаш почна да ја бара правдата за своите колеги и редовно да го критикува игнорантскиот однос на министерот за здравство, Никола Тодоров.
Таа и нејзините колеги пред една недела излегоа на протести за да го искажат својот револт од измените во Законот за здравствена заштита, со кои се обврзани да враќаат петкратно поголема сума – 60.000 евра, од чинењето на специјализацијата – 12.000 евра, ако во наредните 15-20 години од која било причина ја напуштат установата или ако ја прекинат специјализацијата.
Исто така, голем проблем за специјализантите претставува видеоснимањето на испитите и нивното објавување на интернет, со што им се нарушува приватноста.
Додева за „Фокус“ отворено зборува за партиските етикети што им се лепат затоа што протестираат и за начинот како да се спречи масовниот одлив на лекарите во странство
Разговараше
Ирена МУЛАЧКА
Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”