Ме има на списоците, а не сум донирал за ВМРО-ДПМНЕ!

by Фокус

Тој е стар вмровец, со партиска книшка од 1994 година. Речиси цели 20 години е поддржувач на политиките на владејачката партија. Стаменковски вели дека секогаш бил готов да направи сѐ за неговата партија да победи на изборите.

Но, сепак, тврди дека никогаш тој и неговата сопруга не донирале по 1.000 евра за партијата, ниту, пак, неговите вработени, иако нивните имиња можат да се најдат на списоците за донации за предвремените парламентарни избори во јуни 2011 година!

Прв јавно,со слично тврдење, излезе Самоил Малчевски, некогашен студентски лидер и истакнат член на ВМРО ДПМНЕ.

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”