Магарешки живот

by Фокус

Од искуствата учиме. Од стекнатите сознанија во животот се гради иднината. Тоа што е видено, доживеано, почувствувано, научено во минатото, станува мерило за да се справиме со она што ќе нѐ пресретне во иднината.

Споредувањето на нештата што изминале, со тие што ги доживуваме денес, ни ги гради критериумите за она што треба да го правиме.

Изгледа дека ние како општество не сме научиле ништо од нашето историско искуство штом една дузина врачови нѐ научија дека постоењето треба да ни биде заснованo на мразење, крадење, снаоѓање и млатење празна слама за нашата умислена големина – од магарешки инает!

И затоа ги игнорираме тие што укажуваат на оваа „тешка несреќа што нѐ збра“, зашто така ни е полесно. И затоа „магариња ќе ни ги газат полињата ни сега – а да ги брани (ќе) нема кој“!

Пишува
Синоличка ТРПКОВА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”