Љупчо Николовски: Груевски нема да се врати за премиер, туку ќе одговара за криминал од над 5 милијарди евра!

by Фокус

Шефот на кабинетот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и еден од неговите најблиски соработници, Љупчо Николовски, беше најприсутен во јавноста од сите опозициски членови во Владата, како дополнителен заменик-министер за земјоделство, од каде што излегоа дузина афери, главно поврзани со злоупотреба при распределбата на земјоделското земјиште и селективното делење на субвенциите.

Во интервју за „Фокус“, тој вели дека овој модел на организација на владата, со заменици со право на вето и право на увид во документацијата во министерствата поврзани со изборите, се покажал како неуспешен, но во секој случај присуството на опозицијата во владата разоткри дел од криминалите во овие ресори.

Сепак, според него, излез од политичката криза повторно треба да се бара во слично организирана влада, која мора да го спроведе во целост договорот од Пржино, за да се одржат фер и демократски избори

Разговараше
Влатко СТОЈАНОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”