Реакциите кон апатијата, која може да е целосна („нема да гласам, оти не ги сакам ни едните ни другите“) или делумна („не знам дали ќе гласам, уште се мислам“), кај оние кои не се апатични, оние што се активисти на партиите, главно се движат од фанатична омраза („секој што нема да излезе на гласање и да гласа за нас е ист, па и полош од оние што гласале за криминалците / предавниците“) преку потценување („ах, па нас баш нѐ заболе за еден глас“) до фатализам („тоа е, народот е глуп, ние пробавме да го спасиме, ама со стока не можеш да се разбереш, па нека страдаат под фашистички режим / под педери и соросоиди“).
Сите овие пристапи се погрешни, оти се засноваат на премисата дека кај другите е проблемот, кај оној што не се согласува со тебе, а дека кај себе не треба никаква промена да извршиш, оти ти си совршен и безгрешен.
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”