Пред неколку дена бев во Прилеп и пријателите со кои разговарав ми кажаа дека во Прилеп 2.500 луѓе живеат исклучиво од бесправна сеча и кражба на дрва.
Така што столетната шума во околината на Прилеп, во правец на Велес веќе не постои.
Но, и дека сега општината прави пат во насока кон грчка граница и Кавадарци за кражбата на дрва да продолжи на другата страна, каде што шумата досега се сочувала само затоа што до сега немало пристапен пат, а за возврат овие 2.500 луѓе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.
Добро упатените ми тврдат дека бизнисот со дрва во моментов е попрофитабилен од трговијата со дрога, со тоа што за дрога се лежи затвор, а за дрва само се гласа на избори.
Она што е најтрагично во моментов е фактот што по промената на власта, сегашната опозиција ќе затече иста ситуација во сите сегменти на општеството.
Пишува
Александар ТОРТЕВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”