Иако Груевски со нетрпение го очекува мечот во април, може да се случи тоа чекање за него да се претвори во вечност.
Зашто, до април треба некако да се преживее, а само Бог знае како.
Кога би можел да заспие, а притоа никој да не го буди и да се разбуди дури вечерта на 24 април, кога Влатко Ѓорчев, на победничка прес конференција ќе ги чита Чешиново-Облешево, Могила и другите села каде што победила ВМРО-ДПМНЕ?
Само кога би можел. Но, не, не, април е далеку.
Белја работа!
Од една страна, толку е блиску што, еве, нели така велат и соросоидите, нема време да се спроведе договорот од Пржино и изборите ќе дојдат додека трепнеш, а од друга, сепак е толку далеку, зад седум ридови и мориња и исто толку притвори и обвиненија!
А сепак, да заспие некако… Е да, но што ако на 24 април, наместо Боркица, го разбуди Катица?
Пишува
Зоран ДИМИТРОВСКИ
Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”