Власта за изборите во 2013 година „увезла“ десетици илјади гласачи

by Фокус

Во првиот круг на локалните избори во 2013 година, на 24 март, преку коловозните гранични премини и на аеродромот во Охрид пристигнале околу пет до шест илјади патници.

Нашите извори од граничната полиција напоменуваат дека листите не се конечни затоа што имало патници кои допатувале и преку аеродромот во Скопје, но и самите листи до кои дојде „Фокус“ не се комплетни.

Листата со патници во деновите на вториот изборен круг 6-8 април е многу подолга – избројавме дури 15 илјади полнолетни граѓани кои тие денови пристигнале во Македонија!

Специјалното обвинителство ќе истражува дали овие државјани на Германија, Полска, Франција, Швајцарија и на други европски земји, кои очигледно дошле единствено за да гласаат на изборите, воопшто имале право на глас, дали за таа цел експресно им се издавани лични документи, на кои избирачки места гласале и кој е одговорен за целата оваа операција, за која слушнавме и од „бомбите“ на Заев.

Ова особено што во МВР недостигаат голем број обрасци од лични карти, на кои по набавката им се губи трагата!

Пишува
Љубиша АРСИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”