Кој и зошто сака да го убие Али Ахмети?

by Фокус

Според информации на „Фокус“, минатата година е отворена истрага поради закани кон коалициските партнери во власта, поради што се усвоени и заклучоци од страна на Советот за безбедност.

Добро упатени безбедносни извори велат дека групата предводена од Бег Ризај и Мирсад Ндрецај од Дечани, убиени во Диво Насеље во Куманово, инаку блиски до Рамуш Харадинај, долг период се обидувале да рекетираат високи функционери од ДУИ, па освен што го гранатираа партиското седиште во Мала Речица, се обиделе да извршат атентат врз лидерот Али Ахмети во 2014 година на патниот премин Стража.

Нашите соговорници велат дека нивни дела се нападите врз полициските станици во Тетово и Куманово, на владината зграда на Илинденска, но и на караулата во Гошинце, што значи дека атакувале и врз државни цели и институции.

По настанот во Диво Насеље, кога групата беше разбиена, заканите се префрлуваат врз Груевски од страна на роднини, пријатели и истомисленици на ликвидираните и уапсените лица во Куманово, кои, како што неофицијално дознаваме, веќе имале еден обид за одмазда на убиените или за извлекување на притворените

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”