Зошто полицијата тепаше и апсеше невини и мирни протестанти?

by Фокус

Граѓанските протести, кои продолжуваат мирно и масовно, минатата недела почнаа со хаотична и брутална реакција на специјалците на гневот на граѓаните пред канцеларијата на Иванов.

Во акцијата повеќе настрадаа невини граѓани, кои завршија во полициските станици, отколку оние кои навистина учествуваа во нередите. Цела ноќ во полициски притвор поминаа 13 учесници на протестите.

Сите на возраст од 20 до 30 години. Голем дел од нив се студенти, а место имаше и за една девојка, Сибел Амет. Еден од повредените, Горјан Атанасов, имал повреда на брадата од ударот во тротоарот кога специјалците го совладале и го спружиле на земја.

Го патосирале безмилосно, иако тој не давал никаков отпор, но за да биде уште пострашно – тој не учествувал во инцидентот.

Вториот повреден, Вангел Милевски, имал повреди по екстремитетите и по телото затоа што наместо усно да му наредат да клекне, полицајците го удирале со пендрек по нозете, а примениле и прекумерна сила при апсењето.

Некои од демонстрантите се приведени при обид да им помогнат на повозрасни жени кои се нашле во турканиците, со што само се потврдува дезориентираната реакција на МВР

Пишува
Љубиша АРСИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”