Кога на публиката ѝ е доста од расположување, бара нешто што ќе ја крене на нозе

by fokus

Како што на луѓето им треба храна, така и во едно цивилизирано општество, каде што секој момент не е посветен на голо преживување, на луѓето им треба и занимација, нешто со што ќе го потрошат на интересен начин слободното време.

Паралелата меѓу храната и уметноста сфатена во најширока смисла, како креирање содржини што ќе ѝ бидат претставени пред публиката, нѐ води кон заклучокот дека ако оброкот во елитен ресторан, каде што врвен готвач направил некој специјалитет кој оди со внимателно одбрано вино, е еквивалент на консумирање врвна уметност (со сите нишани од типот на длабока порака, смисла, значење, духовни аспекти и сл.), тогаш консумирањето креативни содржини од типот на слушање летни хитчиња или читање романи за на плажа или гледање ријалити шоуа, е рамно на гнетење тост со салама со сенф и кечап плус мајонез сосе помфрит, за на крајот грлото да се исплакне со некој газиран сок.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК