Кога чесните луѓе креваат раце од патриотизмот, врз него валканите раце ги ставаат нечесните

by fokus

Аргументот кој може да се нарече „долгорочен опортунизам“ е инспириран од ќарот што го направија после нивниот став на референдумот во 2004 Тито, Лилето и Трифун. Кога требаше да покажат патриотизам, тоа го направија успешно и политички профитираа на изборите во 2005 (Трифун) и во 2006 (Тито и Лилјана).

А Грујчо со глумење патриотизам ги прешиша сите нив во 2008 и си лапна апсолутна моќ која седум години потоа (до бомбите) ја држеше цврсто.

После референдумот за името, ќе се случува нешто слично.

Барем половина милион луѓе ќе гласаат на претстојниот референдум за промена на името со „против“.

Ако во некое езеро пливаат половина милион риби и никој од големите риболовци не фрла мрежа, будала треба да е човек да не фрли своја јадица. Тие риби некој ќе ги фати.

Ако тоа не го направат нормалните, ќе им остават простор на ненормалните. Кога чесните луѓе креваат раце од патриотизмот, врз него валканите раце ги ставаат нечесните. Тој аргумент, според мене е најјакиот.

Подобро чесните да го одбранат името, отколку некој нов Грујо да се изроди.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”