Дејвид Атебери: Нема потреба да се правдаме за тоа што ја помагаме демократијата!

by fokus

Претставникот на Американската агенција за меѓународен развој (USAID) за Македонија, г. Дејвид Атебери во Скопје пристигна во август минатата година и нему му припадна честа да го одбележи јубилејот на УСАИД – 25 години од работењето во Македонија.

Иако ова е негов прв работен ангажман во Европа и воопшто прва посета на Балканот, г. Атебери вели дека научил да не им робува на предрасудите и претставите за земјите каде што работи и престојува. Неговата ќерка е омажена за Србин, со кого живеат заедно во Чикаго, па преку него добил претстава и за Македонија и за регионот, а бидејќи е фан на историјата, читал малку и за нашата историја.

Според г. Атебери, Македонија не може да се спореди со земјите каде што досега службувал, особено оние од Африка и Азија, каде УСАИД се соочувал со предизвици поврзани со основните човечки потреби, здравствени прашања, образование, економски проблеми. Македонија е развиена земја, вели тој, а голема предност е што има софистициран човечки капацитет и повеќе луѓе со кои може да се работи, за разлика од многу други земји.

Во интервјуто за „Фокус“, г. Атебери говори за постигнувањата на УСАИД во Македонија, за односот на поранешната влада, притисоците и финансиската контрола на медиумите и грантистите кои добиваат пари од УСАИД, за најавата на американскиот претседател Трамп дека ќе ги намали парите за меѓународна помош.

Разговарал
Зоран ДИМИТРОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”