Уште пред неколку години, од Институтот за микробиологија излегоа со информација дека 7 од 10 пациенти на Интензивна нега умираат од болнички инфекции.
Па така, пред речиси 5 години, односно во декември 2019 година, Министерството за здравство распиша тендер на кој учествуваа две странски компании, а договорот го доби група економски оператори – конзорциум составен од компаниите „Евита ШПК“ (лидер на групата), „Делта ПХарма – Ал ШПК“ и „Сервици Италија С.П.А“, кои согласно обврските од тендерската документација беа обврзани да се здружат и да основаат ново трговско друштво „Скопстер ДОО“ Скопјe.
Целиот тендер тежи околу 13,7 милиони евра. Приватниот партнер има обврска да инвестира околу 24 милиони евра, во времетраење од 15 години.
Меѓутоа, ако малку се прочепкаат странските фирми, случајно или не, се совпаѓаат со одредени фирми под истрага во Албанија.
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК