Горан Стаменковски е дипломиран социјален работник, со постдипломски студии на Факултетот за безбедност. Петнаесетина години работи во судската администрација.
Прво во Граѓанскиот суд во одделот за стечај, потоа во организиран криминал во претходна постапка, за во 2012 да премине во одделот за човечки ресурси по барање на екс претседателот на судот, Владимир Панчевски.
Актуелен стана откако беше пријавен за инцидент со портпаролката на судот Паула Костадиновска, а обвинителството му покрена предлог-обвинение за загрозување на сигурноста. Наводно, тој почнал да ја турка колешката од столчето на кое седела и ѝ се заканувал дека ќе го запамети по тоа што во иднина ќе ѝ го направи.
Но што навистина се случило? Имало ли физички контакт? Дали Станковски е избран затоа што прв покажа храброст да се појави во протестите на Шарената револуција? Зад целиот случај, според него, стои екс претседателот на судот Панчевски, кој го гази и понижува достоинството на судиите
Разговараше
Љубиша АРСИЌ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”