Катица сака да го преземе случајот „Божиновски“, а власта не сака да го види новинарот на слобода

by fokus

По најновото одлагање на седницата на скопска Апелација за случајот „Шпион“, извесно е дека СЈО ќе инсистира процесот да стартува од почеток, секако со можни измени во кривичните дела и во листата на обвинети, а неколкутемина кои и натаму се во притвор, да излезат.

Но, тоа што во моментов го спречува СЈО во случајот „Шпион“ е како да го спои предметот на Божиновски, кога Обвинителството против организиран криминал и корупција предводено од баџанакот на Мијалков, Јован Илиевски, не сака да го препушти, иако постојат аудиоснимки од незаконското прислушување.

Во превод, дали власта стравува дека Божиновски, но и другите обвинети ќе завршат на слобода? Оти така, ем ќе падне целата измислица околу наводна шпионска афера, која патем не се докажа низ судскиот процес, ем в затвор нема да завршат многумина кои сега сигурно се непријателски настроени кон Фамилијата, а притоа имаат информации кои може да ѝ наштетат на партијата

Пишува
Љубиша АРСИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”