Како таткото на „скромната“ градоначалничка Арсовска стекна имот од 17.000 квадратни метри во Гази Баба?

by fokus

Документите од Агенцијата за катастар на недвижности, кои ги обезбедивме по пат на слободен пристап до информации од јавен карактер, откриваат како 6 катастарски парцели во Гази Баба завршиле кај компанијата „Титан моторс“, чиј сопственик е таткото на скопската градоначалничка Данела Арсовска – Ванчо Јовановски.

Станува збор за имот каде што постојат деловни објекти и се градат хали, врз основа на урбанистички план донесен во 2000 година.

Тоа што е карактеристично за сите парцели, тие се купени пред речиси четири години, поточно во периодот 2018-2019 година по што почнуваат градежни активности, а за еден објект сѐ уште се чека одобрение за градење.

Што содржат историјатите на овие недвижности, чиј сопственик станал поранешен полициски инспектор?

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК