Ќе има ли правда за насилниците во Владевци?

by Фокус

Неколку месеци откако „Фокус“ напиша текст во кој граѓани се жалеа на локални криминални групи кои ги тероризираат и им ја загрозуваат социјалната егзистенција, а притоа полицијата и обвинителството не реагираат за целосно да ги неутрализираат насилниците, има пресврт во приказната.

Неколкумина во селото имаа група преку која заведувале млади да им се придружат за да уценуваат сиромашни. Насила ги поставувале за управители на фирми, чии потписи подоцна ги злоупотребувале за да извлекуваат пари како кредити од банки или стоки од фирми кои потоа никогаш не биле платени.

Деновиве почнаа судски процеси, а еден од младите врбувани од групата, во судница изнесе сознанија кои упатуваат на одговорност на неколкумина.

Со тоа се отвори патот некој да одговара за насилството. Доколку тие не возвратат со нови контрапријави.

Пишува
Љубиша АРСИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”