Јавните претпријатија кубурат со пари, ама не штедат на барок

by fokus

Јавните претпријатија кои одвај врзуваат крај со крај, или, пак, заработуваат екстра-профити благодарение на својата монополска положба, сѐ повеќе фигурираат како инвеститори на мегаломански објекти, туристички атракции и други нефункционални проекти. ЈСП Скопје, на пример, добива милионски субвенции од владата и од Градот, а гради Панорамско тркало вредно 18 милиони евра.

Каква-таква позитива во работата остварува ЈП „Водовод и канализација“, и тоа без помош од локалната и од централната власт, но, сепак, тоа е далеку од доволно за да изгради барокна управна зграда од 10 милиони евра, па мораше да се задолжи.

Од оваа практика не заостануваат ниту регулаторот АЕК, ниту државниот ЕЛЕМ, кои вишокот средства ги вложуваат за проекти што немаат никаква допирна точка со нивните надлежности – барокна зграда, кула на Водно, Рајски парк во Аеродром, жичарница на Попова Шапка!

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”