Или Груевски, Ахмети и Иванов – или Македонија!

by fokus

Сѐ уште сме во длабоката политичка катастрофа. До кога, е прашање кое сите крајно сериозно ги загрижува. „Трпение – спасение”, велат. Само да не испадне ние до недоглед да продолжиме да си трпиме, а некои да се спасат. Таман работа да сме толку баксузи.

Бавно, речиси никако, да ѝ се усреќи на Македонија. И никако да полета авионот кој како-така македонските граѓани ќе ги однесе во Брисел, како симбол на нашата стратешка определба и желба да сме и во ЕУ и во НАТО.

Таму да одиме и да бидеме се определивме веднаш по осамостојувањето и независноста. Да, постојано имаше некој проблем. Нѐ враќаа или од „полициска или царинска контрола”, нѐ блокираа некогаш и на аеродром при чекирањето. Или заради пасошот, или поради преголемиот и претежок багаж.

Неколку пати и куферите си ги заборававме или ги губевме. Не секогаш имаше и асолен пилот во авионот. Се случуваше и авионот да полета, ама „киднаперите” го упатуваа кон Москва.

Така е и сега. Ене го авионот, чека ли чека на аеродромот „Воин на авион”. Арно ама, нашава власт, оти толку умее, му вгради едно наше тркало. Коцкасто! И ајде сега полетај.

Пишува
Александар ДИМИТРОВ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”