Во анкетните листови на функционерите од власта може да се забележи дека како што доаѓале или се множеле функциите, така со текот на времето се зголемувал нивниот недвижен имот, па наеднаш кај повеќето од нив можат да се најдат по неколку станови, елитни куќи, викендички надвор од местата на живеење, огромни земјишта…
Дел од нив поседуваат по неколку станови и куќи во Скопје, Охрид, Прага и во САД. По објавувањето на „бомбите“ на Заев, актуелна стана и зградата спроти МВР, каде што станови поседуваат Јанкулоска, Ставрески, синовите на Бонева, мајката на директорот на тајната полиција, телохранителот на Груевски…
Карактеристично е што главно имотот или им е наследен, или, пак, го купиле на кредит!
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”