Кога Груевски се расфрлаше со фалби дека македонските граѓани ќе можат да си ги откупат дворовите по едно евро за квадратен метар, сокривајќи го трагичниот епилог на ваквата распродажба на државното земјиште, буквално за две кутии гуми за џвакање, Радмила Шекеринска од СДСМ во интервју за „Фокус“, отворено тврдеше дека „најголемата приватизација во последните 20 години во Македонија е токму овој грабеж на градежно земјиште, кој се случува тивко и најчесто без каква било конкуренција“.
Токму така. Тивко, со непосредна спогодба и без конкуренција, градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски, со аманет на владата на Груевски, влегол во зделка со компанијата „Окта“, која во општинската каса за почеток истурила 1,7 милион евра, за да купи 12 хектари државно земјиште.
Предметот веќе девет месеци собира прашина кај Државниот правобранител, заробен во институционалниот ќор-сокак.
Пишува
Стојанка МИТРЕСКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”