Форензика работи, Зврлевски празнува

by Фокус

Во моментов врз аудиоснимката за Македонска банка се спроведува независното, експертско вештачење на форензичарот Џорџ Пeпкан од САД, по иницијaтива на Зоран Ивановски, електроинженер кој живее и работи во Америка.

Првичните резултати покажале целосно совпаѓање на гласот од посочената снимка со гласот на Груевски позајмен од други говори, изјави, јавни настапи.

„Снимката е ’природна‘ во секој случај. Ја проверивме заднината со шумовите и фреквенциите и вештакот утврди дека не е користен систем за монтирање на звукот.

Имаме избрано најмалку 15 збора што ги анализираме, но можам да потврдам дека зборот ’народна банка‘ веќе е затворен како целосно идентичен“ – пренесува за „Фокус“, Зоран Ивановски.

Пишува
Љубиша АРСИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”