Фондовци договарале провизија за да испраќаат пациенти во „Медикал парк“!

by fokus

Според најновите документи со кои располага „Фокус“, само во 2017 година во турската болница „Медикал Парк“ биле испратени повеќе од 40 пациенти за најразлични интервенции.

Според списокот, цените на здравствените услуги се движат од 5.000 до 120.000 евра, во зависност од тоа за каква интервенција се работи, па така, од фондовската каса на сметката на оваа болница само за една година се одлеале 1,5 милиони евра од вкупниот буџет.

За разлика од 2017 година, претходните две години на сметката на „Медикал Парк“ се одлеале 1,2 милиони евра, што значи дека секоја година фондот наменет за турската болница се зголемува.

Нашите извори тврдат дека интензивната соработка на ФЗОМ со болницата почнала во 2016 година, а целата шема се одвивала преку директори на одредени сектори во Фондот, за што уште додаваат дека е договорена и одредена провизија од 10 до 20 отсто!

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”