Драги госпоѓи, зар не ја знаете изреката: „Во куќа на обесен, за јаже не се збори!“? Затоа не зборете го Уставот, тој веќе одамна е обесен на ѕидот во Уставниот суд, како старо сито, како симбол на една некогашна домаќинска куќа, но и како декор за вашата уставна парламентарна демократија.
Не мешајте ги потенцијалните опозициони пратеници со вашата загнатост да се заташка еден катастрофален, крајно компромитиран изборен процес по сите линии.
Можеби и ќе ви се посреќи некој и да се „одметне“ од редовите на опозицијата, ама не верувам дека тоа ќе го направи поради вашето убедително елаборирање.
Сепак, таквата работа поуспешно си се одвива без вас, не пред камери, со малку сведоци, на стариот добар проверен начин, зад сцената, како за изборите.
Пишува
Ана ПАНОВСКА
Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”