„Фокус“ во минатиот број објави дека непосредно пред последните локални избори биле впишани нови 1.300 гласачи во Ресен, што е значителна бројка, со оглед дека се работи за општина со околу 16.000 избирачи.
Ако анализите на партиските штабови покажуваат дека нови гласачи има речиси секое ресенско-преспанско село, деталните проверки за изводите од избирачкиот список откриваат дека на одредени адреси во градскиот дел се запишани по десетина, дваесетина, па дури и над 40 гласачи.
Сето тоа коинцидира со истрагата на МВР, која утврдила дека на гласачи од Пустец им биле издавани лични карти без да ги исполнат законските услови, а некои од нив дури и влегле во избирачкиот список без да добијат документ за идентификација
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”