Набрзина се донесе нова стратегија, каде што првата и главна цел за Балканот, но и пошироко, е борбата со корупција.
Ако е репер Романија, каде што, и покрај тоа што во затвор се ставени комплетно двете претходни влади сосе премиери и вицепремиери и каде што граѓанските незадоволства не стивнуваат, тешко дека оваа стратегија сама по себе донесе стабилност, доколку не е следена со сет инклузивни и соединувачки стратешки решенија и политики за целиот регион.
Којзнае, сонот на Бајден да го види Балканот интегриран и како дел од Европа, и не само неговиот, можеби еден ден ќе се оствари.
Во спротивност, повторно може да следува враќање во историјата, но овојпат не за да се стават опинците од пред сто години, туку петокраката од пред седумдесет и пет години.
Грците веќе тргнаа по тој пат.
Пишува
Перо ДИМШОСКИ
Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”