За само неколку недели ќе се знае името на новиот ректор, а финалната битка ќе се води меѓу професорот на ПМФ, Ненад Новковски, и деканот на Медицинскиот факултет, Никола Јанкуловски.
Дел од професорите обвинуваат за местенки, закани, притисоци и вмешаност на партијата на власт во изборот на нов ректор, чиј фаворит наводно е Јанкуловски. Неговиот противкандидат го тврди истото, додека деканот вели дека се надева на фер и транспарентна битка.
Сомневањата уште толку ги подгреа одлуката на Студентскиот парламент да организира избори за нов претседател токму во периодот кога се избира ректор, бидејќи 10 гласа од нив одат на контото на еден од кандидатите.
Од друга страна, пленумци обвинуваат за нелегитимни избори и бараат поништување на изборот за ректор.
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”