Ако одржувањето на режимот на власт е злосторство, дали соучесниците заслужуваат амнестија?

by Фокус

Ново е на пример амнестијата што Зоран Заев им ја понуди на учесниците во злосторот наречен „владеење на Никола Груевски“.

Имено, режимот немаше да владее толку долго, да не ги добиваше гласовите од оние кои партијата ги вработи во јавната администрација и како благодарност и гласовите на своите родители (на кои патем, им ги зголеми пензиите), како и нивните брачни партнери, кои исто живеат од платата на вработениот во државна служба.

Тоа се многу луѓе, многу реални гласови, ама сите тие се заслужни за долговечноста на режимот на Никола Груевски. Ако постоењето на режимот е злосторство, што друго се тие луѓе кои режимот го одржуваат на власт ако не – соучесници.

И сега ним, Зоран Заев им понуди амнестија. Нема да ги отпушта, нема да ги казнува, нема ништо лошо да им прави. Како во вицовите кога момчето ѝ вели на девојката: „дај ми ма, дај ми, ништо лошо не ти правам“.

И баш како и во вицот – џабе. Тие гласови нема да ги добие, оти тоа што Грујо го направил за нив е да ги вработи, а Заев само им ветува дека нема да ги отпушта.

Пишува
Нено БОГДАН

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”