Заглавено, загадено, заминато

by Фокус

При немање друг попис на земјата, освен тој во почетокот на овој век, во 2002 година, ние може да поверуваме на сите други објавени бројки што се движат некаде околу тоа дека третина на сите граѓани се трајно иселени од земјата.

За ова вреди да се напомене дека љубовта кон себе и кон своите е основа на патриотизмот кон татковината.

Или како што пренел албанскиот поп Зеф Плуми во својата книга „Живеј за да раскажеш“, еден локален трговец токму тоа го рекол кога комунистите тргнале да му го земаат имотот во 1945 година: „Татковината не се планините, полињата, потоците залудно; татковина е твоето право, семејството, честа, работата и сопствената пот…“.

Така, многу од граѓаните во Македонија, испраќајќи ги своите чеда, почнуваат да размислуваат зошто залудно да сакаат камења и земја ако ги немаат своите во таа земја?!

Пишува
Рамадан РАМАДАНИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”