Предлозите за уставни измени и за нов грб стасаа во собранието со амин на целата влада, односно на сите министри, меѓу кои и тие на ДУИ, но не беа усвоени поради противењето, токму на дел од пратениците на оваа партија.
Тоа за првпат јасно исцрта линија на некаква поделба на функционери во извршната и во законодавната власт, која, според неофицијалните информации, се продлабочува со тоа што првите се за опстојување, а вторите за растурање на владејачката коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.
Во втората група спаѓаат уште некој од градоначалниците, претежно од военото крило на „интегративците“, кои го црпат легитимитетот од базата и од теренот, додека главен адут на првата група, составена главно од луѓе од најголема доверба на лидерот и негови миленичиња, е поддршката од најсилната партиска структура – чаирскиот огранок
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”