Според податоците обезбедени од Банката (со состојба на 10 јули, 2020 година), вкупниот износ на депозитите на физички лица кои ќе бидат обесштетени од страна на ФОД изнесува околу 4,4 милијарди денари. Од ФОД ќе бидат обесштетени депозитите на 99,4 проценти од физичките лица – депоненти во „Еуростандард банка“ АД Скопје, истакна во интервјуто за МИА Борче Хаџиев, директор на Фонд за осигурување на депозити.
Тој, по случувањата со „Еуростандард банка“, уверува дека депозитите на граѓаните се безбедни, а банкарскиот сектор е стабилен.
Сепак, депонентите-физички лица коишто имаат депозити во „Еуростандард банка“ АД Скопје повисоки од 30.000 евра, во рамки на обесштетувањето од страна на ФОД ќе им бидат исплатени средства до 30.000 евра во денарска противвредност, по лице.
-Депозитите на граѓаните се безбедни, банкарскиот сектор е стабилен. Фондот е подготвен и е во одлична финансиска состојба, со што сме во можност да ги исплатиме сите депоненти – физички лица на „Еуростандард банка“ АД Скопје, по основ на вкупните депозити кои ги имаат во Банката во согласност со законските прописи. Според податоците обезбедени од Банката (со состојба на 10 јули, 2020 година), вкупниот износ на депозитите на физички лица кои ќе бидат обесштетени од страна на ФОД изнесува околу 4,4 милијарди денари. Од ФОД ќе бидат обесштетени депозитите на 99,4 проценти од физичките лица – депоненти во „Еуростандард банка“ АД Скопје, вели Хаџиев.