Две лица кои веќе биле во изолација се позитивни на Ковид-19 во Тиквешијата

by fokus

Два нови случаи на корона вирус денес се регистрирани во Тиквешијата, од кои еден во Кавадарци и еден во Неготино.

Според Центар за јавно здравје Кавадарци, пациентот од Неготино има 39 години, додека од Кавадарци е на возраст од 32 години.

-Станува збор за лица кои неколку дена наназад се во изолација, бидејќи имале контакт со веќе позитивни пациенти, кои се членови на нивните семејства. Во добра здравствена состојба се, остануваат на домашно лекување, а се работи на утврдување на нивните контакти – појаснуваат од центарот.

В.К.

Поврзани новости