429
Европратениците Кнут Флекенштајн, Едвард Кукан и Иво Вајгел, известувачи на европарламентот за напредокот на Македонија денеска престојуваат во Скопје и имаат средби и разговори за подготовката за изборите и за текот на изборната кампања.
Посетата тројцата европратеници ја започнаа со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во Делегацијата на ЕУ Се сретнаа и со лидерите на ДПА и ДУИ, Мендух тачи и Али Ахмети.
Потоа следуваат разговори со лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, а на крајот е предвидена средба со заменик претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски.
Претходно утринава, тројцата европратеници разговараа со претставници на граѓанскиот сектор.
Фото: МИА