Фицо за прв пат во јавноста по атентатот – Му простувам

by Fokus

Му простувам, нема да го тужам, рече словачкиот премиер Роберт Фицо кој за прв пат се појави во јавноста откако опозиционерот Јурај Цинтула кој го застрела.

-Нема да покренам никаква тужба против него и нема да барам отштета, му простувам и нека сфати што направил, зошто го направил тоа, рече премиерот во обраќањето пред граѓаните.

Фицо додаде дека атентаторот бил само „гласник на политичка омраза“ на словачката опозиција. Тој планира да се врати на работа во јуни или јули.

Поврзани новости