92
Словачка нема да даде ниту едно евро воена помош за Украина, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо.
„Словачка нема намера и нема да учествува во каква било воена помош за Украина. Јасно сум го кажал тоа“, рече Фицо на прес-конференцијата.
Тој додаде дека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е известен за ставот на Братислава.
Фицо изјави дека му е поважен мирот отколку воените решенија.