346
Словачката Социјалдемократска партија (СМЕР-СД) нема да поддржи понатамошна воена помош за Украина.
Ова го изјави нејзиниот лидер Роберт Фицо.
Неговата партија го презеде водството на парламентарните избори одржани за време на викендот и сега е подготвена да започне разговори за формирање влада.
„Словачка и народот на Словачка имаат поголеми проблеми од Украина“, рече тој на прес-конференција.
На прашање за ставот на неговата партија за помошта за Киев, Фицо рече дека ако неговата партија успешно формира влада, сепак ќе биде подготвена да помогне.
„Ние сме подготвени да помогнеме во обновата на земјата, но вие го знаете нашето мислење за вооружување на Украина“, рече тој.