Фицо ќе ја прекине воената помош: Словачка има поголеми проблеми од Украина

by fokus

Роберт Фицо, чија партија СМЕР-ССД победи на парламентарните избори во Словачка, денеска изјави дека ќе го чека мандатот на претседателот на земјата за формирање влада, оценувајќи дека коалициските преговори би можеле да траат најмалку две недели.

Фицо, кој за време на кампањата вети дека ќе ја прекине воената помош за Украина, на прес-конференцијата рече дека Словачка има поголеми проблеми од Украина и дека ќе направи се за да започнат мировни преговори, додавајќи дека неговата позиција не е променета, пренесува Срна.

Со завршеното пребројување во речиси сите гласачки области по вчерашните избори, партијата на Фиц СМЕР-ССД освои речиси 23 отсто од гласовите, а по неа е Прогресивна Словачка, која освои близу 18 отсто од гласовите.

Михал Симецка пак, лидерот на либералната партија Прогресивна Словачка (ПС), која заврши на второто место, со освоени 16,98 отсто од гласовите, на вчерашните парламентарни избори во Словачка, денеска изјави дека партијата ќе направи се што може за да го спречи победникот на изборите, партијата СМЕР ССД, да формира влада.

Симецка денеска изјави дека се уште гледа можност за формирање на владејачка коалиција и додаде дека третопласираната партија ХЛАС ќе биде одлучувачки фактор за формирање на новата словачка Влада, пренесуваат британските медиуми.

Фото: Танјуг

Поврзани новости