Беира Беки Салифоска, слепо лице кое денеска го истрча петкилометаркиот маратон

by Fokus

На овогодинешниот скопски виз еир маратон за прв пат во неговата историја на организирање учествуваше Беира Беки Салифоска, која е лице со оштетен вид, но исто така и лице со силен и мотивирачки карактер и одличен пример за сите лица.

Впрочем, популарната Беки покрај тоа што настапи со своите тренери на 5 километарскиот маратон кој го трчаа преку 8.000 луѓе, исто така настапи со свое лого кое беше за прв пат промовирано денес “Go Beki”.

Како што за 24инфо.мк раскажуваат оние, кои беа во тимот за поддршка на Беки, процесот на подготовки за учеството на маратонот било помогнато за цело време од фитнес и спа центарот Скај Велнес која е лоцирана во Џавахир зградите, каде се грижеле за психофизичката состојба на Беки како и од АД Кожувчанка и Изворска од Кавадарци, кои придонеле Беки да настапи во спортска опрема од Хард Лофт.

Исто така, нашите познати триатлонци семејството Кираџиеви несебично се вклучија да и помогнат на Беки во делот на физичката припрема, која е значајна да би можела Беки да ги издржи 5те километри.

Она што денес го направи Беки треба да биде мотив и поттик и за други лица со различен тип на попреченост да бидат активни и да се вклучат во маратонот, впрочем пораката која ја испративме денес е дека ако се има желба и волја секој може да го направи тоа, а Беки само покажа дека целите се достижни.

Таа од денес има свое лого, кое се надеваме во иднина ќе прерасне во бренд, преку кој ќе настојуваме таа да учествува и на други регионални маратонски трки.

Поврзани новости