Fitch Rating повторно го потврди кредитниот рејтинг на ПроКредит Банка на “БББ-“

by Fokus

Меѓународната рејтинг агенција “Fitch Ratings” и оваа година го потврди долгорочниот кредитен рејтинг на ПроКредит Банка АД Скопје на “БББ-“ со стабилен изглед. Потврда за кредитниот рејтинг доби и мајка команијата ПроКредит Холдинг и уште 5 банки од ПроКредит групацијата.

Потврдување на кредитниот рејтинг на ПроКредит Банка АД Скопје на ‘БББ-’ е резултат на позитивните бизнис резултати од работењето на банката, меѓу кои едно од позначајните е високо квалитетно кредитно портфолио сo стапка на нефункционални кредити за неколку пати подобра од нивото на банкарски сектор во земјата, стабилното депозитно портфолио, стабилната стапка на кредити во однос на депозити и високата ликвидност.

Дополнително значење за потврда на рејтингот на ПроКредит Банка АД Скопје има и поддршката од акционерите, пред се поддршката која ПроКредит Банка АД Скопје ја добива од единствениот акционер ПроКредит Холдинг, со седиште во Фракфурт Германија, а потоа и поддршката која ПроКредит Холдинг ја добива од своите акционери: KfW (Германска Банка за поддршка и развој), IFC (Меѓународна финансиска корпорација, сестра компанија на Светска Банка) и DOEN Фондацијата. Покрај веќе споменатите акционери ПроКредит групацијата добива долгорочна поддршка и од клучните акционери Zeitinger Invest  и ProCredit Staff Invest кои имаат и стратешка контрола врз работењето на групацијата.

Fitch Rating потенцира дека големо значење за стабилноста на кредитниот рејтинг на ПроКредит Банките имаат и мерките за намалување на ризикот кој постои од работа во земји во развој. Предностна на ПроКредит е уникатната корпоративна култура имплементирана во сите ПроКредит Банки, високи етички стандарди и истиот фокус на работење – високо квалитетна услуга за мали и средни претпријатија кои придонесуваат за развој на локалните економии.

ПроКредит Банка АД Скопје е првата банка во С.Македонија која на годишна основа е оценувана од меѓународната кредитна агенција Fitch Ratings уште од 2005 година, а кредитниот рејтинг “БББ-“ е највисокиот рејтинг што финансиска интитуција може да го добие во нашата земја.

Поврзани новости