465
Коста Крпач, кој беше пронајден застрелан во неговиот дом, како управител на фирмата Финзи го набавил жолтото возило, кое УБК го користело за прислушување, објави телевизија Телма.
Набавката е дел од обвинението за случајот на СЈО „Трезор“, во кој меѓу обвинетите се Сашо Мијалков, Тони Јакимовски и Горан Грујевски.
Претходно Дојче Веле објави дека жолтото комбе навистина постоело и дека со него УБК прислушувала, а прв ова комбе го спомна екс премиерот Никола Груевски, кој го обвини Зоран Заев дека заедно прислушувале со странски служби.