Стопирана изградбата на новиот Клинички центар

by fokus 19:44
19:44

До крајот на ноември годинава ќе се знае дали во Клиничкиот центар ќе се гради новата зграда за интерни клиники за која претходната влада потпиша договор. Експерти ќе спроведат анализа и ќе одговорат дали може да се изгради клиниката или нејзината изградба ќе го попречува функционирањето на Клиничкиот центар. Ова го соопшти министерот за здравство Арбен Таравари одговарајќи на новинарски прашања денеска на прес-конференција, на која даде отчет за сработеното во првите 100 дена.

Договорот за изградбата на овој објект е потпишан на 19 мај, од Никола Тодоров, кој за време на потпишувањето вршеше две функции. Освен што беше пратеник ја вршеше и функцијата министер за здравство.

Според договорот потпишан на 19 мај, новиот клинички центар ќе го градат македонските компании Гранит и Бетон и италијанската компанија Инсо Системи. Договорот вреди околу 72 милиони евра, додека градежните работи се очекуваше да завршат во рок од 45 месеци.

- Advertising -

Поврзани новости