Околу 8 милиони евра потроши министерството за обазование за набавка на учебници за последната година, од кои се уште нема доволно за сите ученици. Најголемиот дел од бизнис колачот го зема печатницата „Европа 92“ и тоа 4,6 милиони евра.
Сепак, овој скандалозен начин околу печатењето на учебниците се провлекува години назназад. Уште во времето на ВМРО-ДПМНЕ, а подоцна и сдсмовците кога дојдоа на власт двете компании „Арбериа“ и „Арс Ламина“ го имаа ексклузивното право за печатење на книгите по таканаречената Кембриџ програма.
Како што веќе објави „Фокус“, компанијата за печатење „Арбериа Десигн“ во последните десетина години склучила над 180 договори за јавна набавка во вкупна вредност од милијарда денари, главно од институции раководени од ДУИ, при што највредни се договорите со МОН за набавка на учебници.
Тетовската компанија за издавање, печатење и дизајн постои од далечната 1998 година, меѓутоа нејзиниот подем почнува пред десетина години, кога истовремено почнува и да соработува со државни институции и јавни органи, главно раководени од кадри ДУИ, на чија сметка легнала и една донација од оваа компанија.
Според податоците од Бирото за јавни набавки, оваа тетовска компанија со 3 подружници во Скопје, чиј единствен сопственик и воедно управител е Хасим Хамзаи. Оваа компанија се јавува како најголем донатор на ДУИ за 2015 година со 20.000 евра, извештај доставен и до Државниот завод за ревизија.
Од тука, за учебната 2019/2020 година Арбериа и Арс Ламина се офајдија најмногу од печатењето на учебници и тоа во четири очи, без претходно објавен оглас.
Без скандали не помина и доделувањето на свидетелства лани во август, кога всушност свидетелства и немаше. Но, затоа имаше два тендери на контото на „Арбериа дизајн“ во висина од 13 милиони денари за оваа цел. Додека, учениците од повеќе паралелки чекаа писмен доказ за нивниот успех, оваа компанија се понуди и победи на тендерот на министерството водено од Артан Груби, за да ја организира прославата за одбележување на Рамковниот договор. 100.000 евра за хотелско сместување, озвучување, хостеси, пејачи и кетеринг.
Ирена Мулачка
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК