Во акцијата „Арсенал“ полицијата минатата недела приведе неколку бизнисмени и поранешен вработен во Министерството за одбрана поради, како што велат од МВР, злоупотреби околу сервисирањето на армиските хеликоптерите во Украина. Полицијата вели дека приведените извлекле над 2,7 милиони долари преку сервисирање на леталата со тоа што прикажувале нереално високи цени на поправките.
МВР во соопштението тврди дека само управителот и сопственикот на фирмата „Специјална опрема Скопје“, (Ж.П. и Ј.Ѓ.) им овозможиле на членовите на организираната криминална група да се стекнат со противправна имотна корист во износ од 807.300 долари.
Скопската компанија „Специјална опрема“ е фирмата која посредуваше во набавката на восочните фигури за новиот Музеј на македонската борба. „Фокус“ во 2012 година пишуваше за овие набавки, се сконцентриравме посебно на наодите на Државниот завод за ревизија во кој се вели дека Министерството за култура платило 53 отсто повеќе за втората тура восочни фигури, додека сопственикот на „Специјална опрема“ за „Фокус“ тврдеше дека при првата набавка есапот од дома не му излегол на пазар па затоа во вториот обид восочните фигури биле поскапи.
Според соопштението на Основниод суд Скопје 1, на управителот и на сопственикот на „Специјална опрема“ им се одземени пасошите додека трае постапката за аферата „Арсенал“.
Целата сторија можете да ја прочите на овој линк.