Финската министерка: Украина треба да ја таргетира руската територија со западно оружје

by Fokus

Западните земји не треба да ја блокираат Украина да користи донирано оружје за напад на руска територија, изјави финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен за Политико.

„Украина има право да напаѓа цели на страната на агресорот, доколку тие се воени цели“, рече Валтонен, говорејќи пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во чешкиот главен град.

Таа додаде дека ќе го изнесе ова за време на неформалните разговори во Прага, а истовремено ќе изврши притисок врз сојузниците во НАТО да создадат попредвидлив проток на финансирање за Украина. Воената помош беше узурпирана од политичките судири, а Украина беше принудена да чека со месеци додека американскиот Конгрес да одобри пакет помош од 61 милијарда долари, што предизвика недостиг на муниција што и овозможи на Русија да нападне.

Валтонен рече дека Москва исто така ги користи ограничувањата наметнати од сојузниците за способноста на Украина да користи ракети и артилерија со долг дострел. „Мислам дека тоа е валиден аргумент дека Русија сега намерно става оружје веднаш зад границата за евентуално да спречи контранапад, па мораме да го земеме тоа предвид“, рече таа.

Поврзани новости