Финансова полиција влезе во штипското комунално претпријатие „Исар“

by Fokus

Финансиска полиција влезе во штипското комунално претпријатие „Исар“, каде што се врши проверка на тендерските постапки кои ги има реализирано претходното раководство, соопшти новиот в.д директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев.

– Од досегашните проверки на јавните набавки во скоро сите работни единици има сомнение дека прекумерно се трошеле пари. На пример за девет месеци се набавени 7.000 метли, чија вредност е од 350.000 денари и кога тие 7.000 метли се поделат на 20 работника испаѓа дека за 30 дена имаат потрошено 35 метли. Ако се работни часа 24, еден работник користил по една и пол метла за еден работен ден. Значи, тука има индиции за злоупотреба на службена должност – истакна Тасев.

Тој додава дека Финансиската полиција го проверувала и трошењето на телефонските услуги, каде, како што вели неговиот претходник, имал лимит од 4.000 денари за мобилен телефон, во 2015 година го пречекорил лимитот за 2.000 до 3.000 денари и си ги платил од неговата плата.

– Но, во наредните години 2016 и 2017, во повеќето месеци таа сума надминува 22.000 денари, го прецртал лимитот од 4.000 денари и не исплаќал во благајната -вели Тасев.

Поврзани новости