482
На пладне се очекува Управата за финансиска полиција да одржи прес конференција на која ќе информира предистражната постапка во која вчера беше уапсен поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи Васе Доневски. Најавено е на прес конференцијата да се обрати директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми.
Според неофицијални информации Доневски се сомничи за злоупотреба на службената положба и овластување. Со предистражната постапка се опфатени повеќе лица.
Доневски беше разрешен од новата Влада во јули годинава и на негово место беше назначен Пеце Мирчески од СДСМ.