414
Четворица финансиски инспектори од финансиската полиција денеска го проверуваат финансиското работење на општина Струмица. Како што информираа од општината, инспекторите ги бараат документациите за јавните набавки.
Од општина Струмица не соопштија за кои тендери се интересирале инспекторите, но споменаа дека ја барале документацијата за изминатите две-три години.
-За потребите на денешната финансиска инспекција, од страна на општината и нејзините служби, обезбедени и предочени на увид се сите неопходни документи. Сите досегашни инспекциски контроли во Општина Струмица во изминатите години го покажаа законското работење на општината и градоначалникот, наведуваат во соопштението од општина Струмица.