Два дена откако бугарската „Енекод“, која се претстави како нов сопственик на „Фени индустри“, во Централниот регистар впиша нови директори на кавадаречкиот гигант и го избриша името на поранешниот главен извршен директор Јусуф Миракхмедов, Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава за Миракхмедов, пренесува МЕТА.
Го сомничи за злоупотреба на службена должност и овластување.
Низ истрагата во текот на две седмици, Финансиската полиција утврдила дека директорот незаконски отуѓувал резерви на фероникел и друга руда од фабриката.
Вчера, компанијата БГРС, малцински акционер на „Кунико ресорсис“, исто така поднесе кривична пријава против Миракхмедов, товарејќи го за злосторничко здружување, злоупотреба на службена дејност и овластување, измама, како и за бројни други дејства.
Миракхмедов беше поставен од „Кунико рисорсис“, а беше извршен директор на „Фени“ од 2015 година.