745
Финансиската полиција поднесе кривична пријава против актуелниот министер за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и против неговиот претходник Лирим Шабани, за незаконска исплата на хонорари во износ од околу 37 илјади евра, објави ТВ 21.
Кривични пријави заработија и поранешна советничка во министерството за локална самоуправа, но и службеничка одговорна за спроведување на ИПА Оперативната програма помеѓу Македонија и Бугарија.
Иако редовно вработени во Министерството, двете службенички преку четири договори како дополнително ангажирани лица, добиле хонорари во вкупен износ од 2,2 милиони денари.